По добиената информација од Меѓународната агенција за атомска енергија- МААЕ, која беше потвдрена и од страна на украинското регулаторно тело, Дирекцијата за радијациона сигурност до јавноста во Р.С.Македонија го дава следното известување за настанот што се случил на 11/08/2024 година:

Од страна на експерти од МААЕ стационирани во украинската нуклеарна централа Запорожје забележано е густ темен чад кој доаѓал од северозападната област на централата. Во извештајот е наведено дека се случил напад со дрон врз една од кулите за ладење на централата и дека предизвиканата штета нема влијание врз нуклеарната безбедност на вработените, населението и животната средина, а истото го потврди и генералниот директор на МААЕ, Рафаел Мариано Гроси во неговиот денешен брифинг за новинарите и јавноста.

Дирекцијата за радијациона сигурност постојано добива известувања за случувањата во Украина, како и за сите настани поврзани со нуклеарни и радиолошки инциденти и вонредни настани преку USIE- Унифицираниот систем за размена на информации при инциденти и вонредни настани при МААЕ.
Автоматскиот ситем за детекција и мерење на радиоактивност во воздухот во Република Северна Македонија, кој го води Институтот за јавно здравје континуирано ги следи отчитувањата од 14 мониторинг станици во нашата земја и констатирано е дека нема зголемено ниво на радиоактивност во нашата земја во моментот и за време на вчерашниот настан.

Дирекцијата за радијациона сигурност продолжува да ја следи ситуацијата континуирано.

 

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25

Радиоактивност во воздухот во РСМ
Онлајн мониторинг мерења

Радиоактивност во воздухот во РСМ Онлајн мониторинг мерења


Дома си е дома

Вевчани, Струга, Охрид

ohrid


Берово, Пехчево

berovo


Шар Планина, Тетово, Гостивар

tetovo


Смоларски, Гевгелија, Дојран

dojran


Галичник, Маврово

galicnik