Во рамките на своите надлежности, а во насока на зајакнување на меѓуинституционалната соработка се потпишани следниве меморандуми:
- Меморандум за соработка помеѓу Министерството за здравство – Дирекцијата за храна, Министерството за финансии – Царинска Управа, Министерството за внатрешни работи и Дирекцијата за радијациона сигурност (потпишан 20 јуни 2007, изменувања и дополнувања на 14 декември 2007)
- Меморандум за соработка помеѓу Дирекцијата за радијациона сигурност и институциите кои учествуваат во Националната комисија за интегрирано гранично управување за примена на ИТ системот за комуникација (потпишан јуни 2008)
- Меморандум за соработка меѓу Дирекцијата за радијациона сигурност и Центарот за управување со кризи (потпишан август 2008)
- Меморандум за соработка меѓу Дирекцијата за радијациона сигурност и Дирекцијата за заштита и спасување (потпишан декември 2009 година)
- Меморандум за соработка меѓу Националниот координативен центар за гранично управување, Дирекцијата за радијациона сигурност и Центарот за управување со кризи, (потпишан декември 2010)
Дежурен телефон
Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25