Мониторинг и Вонредни настани 

Мониторинг

Мониторингот на животната средина се врши согласно Правилникот за начинот и мерењето на изложеност на населението, водење евиденција и поднесување извештаи (Сл.весник на РМ бр.126/2010).

Согласно законската регулатива Институтот за јавно здравје го води автоматискиот систем за детекција и мерење на радиоактивност во воздухот во Република Северна Македонија и контонуирано ги следи отчитувањата одмониторинг станниците во нашата земја. Повеќе информации на следниот линк:
https://www.google.com/maps/d/edit?mid=10cje235bBgAwqJXCfNa3GWzPrIs&usp=sharing

https://sites.google.com/view/ewrms-mk/ewrms-mk

 
 

Вонредни настани

Дирекцијата за радијациона сигурност е надлежна институција за превземање на интервенции во случај на радијационен вонреден настан.
Системот за подготвеност, превенција и одговор во случај на радијационен вонреден е воспоставен согласно Планот за заштита на населението во случај на радијационен вонреден настан (Сл.весник на РМ бр.84/2011).
Линк до планот.

USIE
Дирекцијата, согласно Конвенцијата за рано известување и Конвенцијата за помош е контакт точка со центар за вонредни настани при Меѓународната агенција за атомска енергија (IEC IAEA), за рано известување и барање на помош во случај на радијационен вонреден настан во РСМ како и за добивање на известувања за радијациони вонредни настани преку електронскиот портал на МААЕ – USIE.
-----------------------------------------
INES& NEWS
INES - Меѓународна скала за нуклеарни и радиолошки настани
INES претставува алатка за брзо и доследно комуницирање со јавност за значајноста по сигурност на настаните во врска со изворите на јонизирачко зрачење. Скалата користи нумеричко рангирање од 1 до 7, притоа настаните рангирани со ниво 1-3 се инциденти, ниво 4-7 се несреќи.
Линк до инес скала на енглиш или слика од скалата

Страна на МААЕ за вонредни настани достапни за јавноста: NEWS
Линк до news:
https://www-news.iaea.org/
-----------------------------------------
ITDB
База на податоци на МААЕ за нелегална трговија со радиоактивен и нуклеарен материјал.

ECURIE & EURDEP
ECURIE е европски систем за рано известување во случај на радиолошки или нуклеарен вонреден настан.

EURDEP Европска платформа за размена на податоци за радиолошки мониторинг

 

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25

Радиоактивност во воздухот во РСМ
Онлајн мониторинг мерења

Радиоактивност во воздухот во РСМ Онлајн мониторинг мерења


Дома си е дома

Вевчани, Струга, Охрид

ohrid


Берово, Пехчево

berovo


Шар Планина, Тетово, Гостивар

tetovo


Смоларски, Гевгелија, Дојран

dojran


Галичник, Маврово

galicnik