(31 Јануари-3 Февруари 2010)Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на Состанок за планирање на активностите за 2010 и 2011 година во рамките на проектот RER/9/096 Зајакнување на националната инфраструктура за контрола на радијациони извори“  кој се одржа во Виена, Австрија.
(26 Јануари 2010)При рутинска контрола, на површината на камион со регистарски таблички 436KS846/474KS034, товарен со старо отпадно железо, беше детектирано зголемено ниво на јонизирачко зрачење по однос на природниот фон од страна на Царинските службеници на Царинската испостава Блаце на Македонко-Косовската граница. За истото, веднаш беше известена Дирекцијата за радијациона сигурност. Инспектор за радијациона сигурност при Дирекцијата за радијациона сигурност излезе на терен. Камионот бил товарен во Феризај, Косово и наменет за извоз за Елбасан, Албанија. Република Македонија беше земја транзит.  Инспекторот за радијациона сигурност забрани влез на камионот на територијата на Република Македонија и истиот го врати во земјата на потекло, Косово.
(17 Ноември 2010) во Софија, Бугарија  директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност Др. Нузи Шахин и Претседателот на Нуклеарната регулаторна агенција на Република Бугарија  д-р Сергеј Цочев потпишаа Договор за соработка по прашањата на радијациона заштита, според кој ќе се разменуваат технички информации за осигурување на радијационата заштита и одржување на подготвеноста за радијациони вонредни настани при користење на извори на јонизирачко зрачење и при управување со радиоактивен отпад од објекти/дејности со извори на јонизирачко зрачење.
(3-4 Ноември 2010) Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на „Регионалнa работилница за намалување на ризикот од изложеност на радон која што се оддржа во Светската здравствена организација во Женева, Швајцарија. Работилницата беше во организација на Меѓународната агенција за атомска енергија и Светската здравствена организација
(26 Октомври 2010) Директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност Др. Нузи Шахин и директорката на Националната комисија за контрола на нуклеарните дејности на Романија г-ѓа Борбала Вајда потпишаа Меморандум за разбирање според кој ќе се разменуваат технички информации, во врска со активностите за осигурувањето на радијационата заштита на населението, работно изложените лица и животната средина, спречувањето на нелегалната трговија со извори на јонизирачко зрачење и нуклеарен материјал, подготвеност и постапување во случај на радијациони вонредни настани, како и при управување со радиоактивен отпад од објекти/дејности со извори на јонизирачко зрачење и нуклеарни материјали.
(10-16 Октомври 2010) Преставници од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваа на обука со наслов „Одржливо управување со искористени затворени радиоактивни извори“ која се одржа во Лисабон, Португалија.
  (4-8 Октомври 2010) Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на „Регионален тренинг курс за радијациона заштита на животната средина за помлади специјалисти“ кој се одржа во Атина, Грција.
  (19-24 Септември 2010) Преставници од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваа на „54 –та Генерална конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија“ која се одржа во Виена, Австрија.
(30 Август-2 Септември 2010) Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на „Основна обука за брз одговор во случај на радијационен вонреден настан“ која се одржа во Виена, Австрија.
(23-27 Август 2010) Преставници од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваа на Трета регионална работилница за јакнење на националната програма за подготвност и одговор на радијациони вонредни настани“ која се одржа во Виена, Австрија.
(5-7 Јули 2010) Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на Работилница за граѓанска одговорност при нуклеарни штети“ која се одржа во Москва, Русија.
(28 Јуни-1 Јули 2010) Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на „Координативен состанок за ИПА“ кој се одржа во Тирана, Албанија.
(6-10 Јуни 2010)Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на Симпозиум “ESOREX 2010” кој се одржа во Прага, Чешка.
(31 Мај-5 Јуни 2010)  Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на Состанок за нуклеарна безбедност“ кој се одржа во Атина, Грција.

Почитувани,

 Ве известуваме дека со одлука на Владата на Република Македонија назначен е нов директор на Дирекцијата за радијациона сигурност.

 Директор на  Дирекцијата за радијациона сигурност е Др. Нузи Шахин.

Со почит,

 (24-28 Мај 2010) Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на Работилница со наслов „Обезбедување на поддршка за спроведување на современите пристапи и алатки за оценка на радијационото  влијание врз подземна и свежа вода“ која се одржа во Кастела, Хрватска.
(17-21 Мај 2010) Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на Работилница за EURDEP & AIRODOSE“ која се одржа во Стреса, Италија.
(17-21 Мај 2010) Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на Отворен стручен состанок за стручни и правни експерти за споделување на информации за имплементација на Кодекс на правила за сигурност и безбедност на радиоактивни извори и доплонителните упатства за увоз и извоз на радиоактивни извори“ кој се одржа во Виена, Австија.
(3-28 Мај 2010) Преставници од Дирекцијата за радијациона сигурност земаа учество на Регионална работилница за изготвувањена нацрт правилници за радијациона сигурност“ која се одржа во Виена, Австрија.
(11-19 Април 2010) Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на Регионален тренинг курс за безбедност на радијациони извори“ кој се одржа во Вилнус, Литванија.
(29-30 Март 2010) Преставници од Дирекцијата за радијациона сигурност земаа учество на Работилница за контрола на нуклеарен извоз“ која се одржа во Белград, Србија.
(22-25 Март 2010)Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на ЕУ тренинг курс – семинар за политика на енергетика во рамки на проектот „РМ и ЕУ – подготовка за преговори со ЕУ“ кој се одржа во Брисел, Белгија.
(8-12 Март 2010)Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на Технички состанок за Сериите Препораки за Нуклеарна Безбедност – Детекција и одговор на настани врзани со нуклеарната безбедност“ кој се одржа во Виена, Австрија.

Врз основа на член 50 од Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност (Службен весник на Република Македонија број 135/2007) Законодавно – правната комисија на седницата одржана на 27 ноември 2010 година, го утврди Пречистениот текст на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност (Службен весник на Република Македонија број 154 од 30.11.2010 година).

Пречистениот текст на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност ги опфаќа: Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност (Службен весник на Република Македонија број 48/2002)  и од Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност (Службен весник на Република Македонија број 135/2007).

(24 Ноември 2010) Дирекцијата за радијациона сигурност спроведе обука за радијациона заштита и сигурност за лицата одговорни за радијациона заштита во правните лица што користат извори на јонизирачко зрачење. На обуката беа опфатени следните теми:

·  Надлежности и улога на Дирекцијата за радијациона сигурност

·   Основи на радијациона физика, биолошки ефекти од изложеност на јонизирачко зрачење и основни принципи на радијациона заштита

·   Професионална изложеност и изложеност на население

·   Медицинска изложеност

·    Постапка за издавање дозвола за вршење дејност со извори на јонизирачко зрачење и пријава на изворите

·    Програма за радијациона заштита

·    Надзор над спроведување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност и важечките подзаконските акти.

(23 Ноември 2010)Со цел зајакнување на меѓуинституционалната соработка и зајакнување на контролата на извори на јонизирачко зрачење Дирекцијата за радијациона сигурност спроведе обука за радијациона заштита за царински службеници и за припадници од Министерството за внатрешни работи (за припадници на Граничната полиција и за лица кои работат на безбедност во внатрешноста на Република Македонија). На обуката беа опфатени следните теми:

·    Надлежности и улога на Дирекцијата за радијациона сигурност

·    Основи на радијациона физика

·    Опасност од јонизирачко зрачење, категоризација на радиоактивни извори, основни принципи на радијациона заштита

·    Радијациони единици, детекција на јонизирачко зрачење, инструменти

·     Одговор на настани на граничните премини и улога на ЦУ и ГП

·     Практична работа:

·     Детекција на радиоактивни извори  и мерење на интензитет на јонизирачко зрачење

·    Одговор на нелегална трговија со затворени радиоактивен извори и радиоактивен материјал

·    Детекција на радиоактивен материјал од природно потекло

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25

Радиоактивност во воздухот во РСМ
Онлајн мониторинг мерења

Радиоактивност во воздухот во РСМ Онлајн мониторинг мерења


Дома си е дома

Вевчани, Струга, Охрид

ohrid


Берово, Пехчево

berovo


Шар Планина, Тетово, Гостивар

tetovo


Смоларски, Гевгелија, Дојран

dojran


Галичник, Маврово

galicnik