Во однос на случувањата во Украина, и нуклеарната централа Запорожје ситуацијата е повеќе од стабилна. Пет од шест реактори се изгасени уште во Септември 2022, додека шестиот реакторот, единица 5 е исклучен на 8 Јуни 2023, и заедно со останатите реактори се во состојба на ладење.
Од почетокот на случувањата во Украина па се до денес, зголемено ниво на радиоактивност во нашата земја и во останатите земји не е забележана, односно не се измерени зголемени вредности на амбиентален дозен еквивалент.
Нуклеарната централа Запорожје е оддалечена од нашата земја 1200 км, што значи во случај на нуклеарна несреќа на радиоактивниот облак би му требало најмалку 48 часа за да пристигне над нашата земја под услов радиоактивниот облак да се движи во правец кон Република Северна Македонија, што веројатноста за такво нешто е многу мала.
Нуклеарната централа Запорожје има 6 реактори, сите 6 реакатори се од исти тип и за разлика од реакторите во нуклеарната централа Чернобил станува збор за друг тип на реактор, кој што e посигурен и побезбеден. И при најлошо сценарио граѓаните на нашата држава се безбедни, не се очекува надминување на интервентните нивоа за превземање на итни акции за заштита како евакуација, засолнување и консумирање на јодни таблети на целата територија на нашата држава. Единствено постои веројатност за појава на радиоактивна контаминација која наложува превземање на акции за заштита како рестрикции или забрана во врска со конзумирање на храна, како и воспоставување на контрола над потенцијално контаминирани производи, контрола на увозот на храна и сл, меѓутоа пред да се превземат било какви акции се спроведува мониторинг на животната средина од страна на Дирекцијата и Институтот за јавно здравје.
Дирекцијата за радијациона сигурност постојано добива известувања за случувањата во Украина, како и за сите настани поврзани со нуклеарни и радиолошки инциденти и вонредни настани преку USIE- Унифицираниот систем за размена на информации при инциденти и вонредни настани при МААЕ (Меѓународната агенција за атомска енергија). Преку овој систем, информации за нуклеарната централа Запорожје се добиваат дирекно од претставник на регулаторното тело во Украина како и од МААЕ која има свои претставници во кругот на нуклеарната централа. USIE претставува безбедна веб страна на МААЕ (Меѓународната агенција за атомска енергија) за контакт точките на договорните страни на Конвенцијата за рано известување за нуклеарни несреќи и на Конвенцијата за помошво случај на нуклеарни несреќи или радиолошки катастрофи, на кои и Република Северна Македонија е договорна страна, и истата се користи за размена на итни информации за време на нуклеарни или радиолошки инциденти и вонредни настани независно од нивната причина.
За постапување во случај на радијационен вонреден настан на територија на Република Северна Македонија, Дирекцијата за радијациона сигурност има надлежност на национално надлежно тело во соработка со останатите надлежни национални институции. Улогата и надлежностите на националните институцииво случај на вонреден настан се уредени со “Планот за заштита на населението во случај на радијационен вонреден настан” https://www.drs.gov.mk/index.php/mk/zakonska-ramka/34-2015-12-10-11-46-35. Согласно планот, а врз основа на Конвенцијата за рано известување за нуклеарни несреќи,Дирекцијата, помеѓу останатото, има надлежност да одговори на барањата за верификација односно информација во врска со ваков настан и проследување на информациите за време на настанот.
Република Северна Македонија има потпишано Договор меѓу Европската заедница за Атомска Енергија (ЕВРОАТОМ) и земјите кои не се членки на ЕУ за учество во аранжманите на Заедницата за размена на информации во случај на радијационен вонреден настан (ECURIE), согласно кој договор Дирекцијата за радијациона сигурност е надлежна институција, додека Центарот за управување со кризи е контакт точка.
Според категоризацијата на радијациони и нуклеарни закани, предвидено со “Правилникот за категоризација на радијациони и нуклеарни закани”
https://drs.gov.mk/images/pdf/pravilnici/PRAVILNIK_ZA_KATEGORIZACIJA_NA_RADIJACIONI_I_NUKLEARNI_ZAKANI.pdf ослободувањето на радиоактивен материјал како последица на нуклеарна несреќа надвор од територија на Република Северна Македонија, спаѓа во категорија 5 на радијациони закани.
Воедно, во Дирекцијата за радијациона сигурност е инсталиран софтвер JRODOS -Систем за поддршка на одлуки при радијационен и нуклеарен вонреден настан, кој се користи за симулирање на движењето на радиоактивни материјали во околината и за пресметување на дозите што ги прима населението при вакви настани. Од 1-3 Ноември 2022година, се оддржа Национална вежба со користење на овој систем, во која покрај претставници на Центарот за управување со кризи учестуваа претставници од Институт за јавно здравје, Дирекција за заштита и спасување, Управата за хидрометеоролошки работи, Министерство за животна средина и просторно планирање. Вежбата ја организираше Дирекцијата за радијациона сигурност, а беше оценета како успешна од експерти од Виена, кои беа во улога на евалуатори и оценувачи.
Оваа вежба уште еднаш покажа дека институциите кои се одговорни при ваков настан се спреми да одговорат доколку дојде до испуштање на радиоактивен материјал како во Запорожје така и во било која друга нуклеарна центала.
Автоматскиот ситем за детекција и мерење на радиоактивност во воздухот во Република Северна Македонија, кој го води Институтот за јавно здравје континуирано ги следи отчитувањата од 8 мониторинг станици во нашата земја на локации Скопје, Велес, Гевгелија, Струмица, Берово, Дебар, Кичево и Битола. Системот е усогласен со работата на Европската база на податоци каде што овие вредности од мерењата се прикажуваат преку континурани временски циклуси (на секој 2 часа или поретко) по средно европско време. Податоците преку серверите редовно се доставуваат до EURDEP - Европска платформа за размена на радиолошки податоци
Институтот за јавно здравје постојано ги следи отчитувањата, и од почетокот на ситуацијата со Украина до денес, системот работи во нормален оперативен мод, односно не е забележано покачување на радиокативност. Исто така измерените вредности можат да се следат и на официјалната веб страна од Инстутот за Јавно Здаравје и на веб страната на Дирекцијата за радијациона сигурност.
Во Украина активни се 146 мониторинг станици кои работат континуирано, податоците се доставуваат исто така до EURDEP, и досега не е забележано покачување на радиоактивноста.
Duty Phone
Phone number of Radiation Safety directorate for emergency events and for reporting clinics operating without a license issued by Radiation Safety directorate.
075 / 25 - 42 - 25