Во период од 26 до 30 Јуни 2023 година, Дирекцијата за радијациона сигурност во покровителство на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) беше домаќин на настан на тема „Европска регионална работилница за стартување наинформациониот  регулаторен систем RAIS+“ за земјите членки на МААЕ. На работилницата учествуваа 35 претставници од 24 држави, како и предавачи - експерти од МААЕ.

Целта на настанот беше земјите членки на МААЕ да се запознаат со новата верзија на информациониот регулаторен систем  RAIS+ кој ќе се користи како Национален регистар за извори на јонизирачко зрачење и професионално изложени лица,за водење на евиденција на дозволите за вршење на дејност со извори на јонизирачко зрачење и на податоците од спроведените инспекциски надзори со што ќе се зајакне радијационата сигурност и нуклеарната безбедност во државата.

Директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност, регулаторно тело во областа на радијационата и нуклеарната сигурност и безбедност во Република Северна Македонија, г-дин Алија Камбероски со дел од вработените на Дирекцијата, на маргините на настанот оствари работна средба со претставникот од МААЕ, г-дин Роналд Пачехо Хименез, раководител на Одделението за контрола на радиоактивни извори.

eu rabotilnica

На состанокот се дискутираше за моменталната состојба во Дирекцијата за радијациона сигурност, потребите и недостатоците, како и поддршката и помошта што може да ја обезбеди МААЕ, како за Дирекцијата, така и за Република Северна Македонија. Дополнително, се разговараше за потребата од експертска помош од МААЕ во однос на инсталирање на софтверот RAIS+ добиен како донација од страна на МААЕ.

Дополнително се разговараше и за новата иницијатива на МААЕ ,,RAYS HOPE,насочена кон јакнење на капацитетите на државите во борбата и третманот на ракот, како болест која зема се поголем замав во поголем број од државите во светот. Активностите во наредниот период ќе бидат насочени кон обезбедување на повеќе информации за иницијативата и вклучување на соодветните министерства и институции во државата во имплементирање на истата.

 

Duty Phone

Phone number of Radiation Safety directorate for emergency events and for reporting clinics operating without a license issued by Radiation Safety directorate.
075 / 25 - 42 - 25

Радиоактивност во воздухот во РСМ
Онлајн мониторинг мерења

Радиоактивност во воздухот во РСМ Онлајн мониторинг мерења


Дома си е дома

Вевчани, Струга, Охрид

ohrid


Берово, Пехчево

berovo


Шар Планина, Тетово, Гостивар

tetovo


Смоларски, Гевгелија, Дојран

dojran


Галичник, Маврово

galicnik