- Details
- Category: Duties
Дирекцијата ги врши следниве работи:
- ја води постапката на пријавување, издавање на дозвола и контрола на изворите на јонизирачкото зрачење, во согласност со овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон;
- издава и одзема дозволи за вршење на дејност со извори на јонизирачко зрачење;
- ги утврдува изложувањата кои се исклучени со општ акт донесен врз основа на овој закон и изземањата на изворите на јонизирачкото зрачење со ниска активност пропишана со општ акт донесен врз основа на овој закон;
- води Национален регистар на изворите на јонизирачкото зрачење и на професионално изложени лица, како и регистар за нуклеарен материјал;
- врши надзор над стручната работа на правните лица кои работат со извори на јонизирачкото зрачење преку овластена стручна институција;
- соработува со други органи на управата и институции во врска со работите што се во надлежност на Дирекцијата;
- се грижи за обука на одговорни лица за радијациона заштита и на лицата кои работат со извори на јонизирачко зрачење;
- иницира истражување во областа на заштитата од јонизирачко зрачење, на радијациона сигурност и нуклеарна безбедност;
- ја утврдува висината на трошоците за издавање на дозволи и лиценци;
- води евиденција и контрола на вкупниот нуклеарен материјал во Република Македонија;
- изработува План за заштита на населението во случај на радијационен вонреден настан во Република Македонија;
- планира и спроведува меѓународна соработка во областа на јонизирачкото зрачење;
- врши инспекциски надзор
Duty Phone
Phone number of Radiation Safety directorate for emergency events and for reporting clinics operating without a license issued by Radiation Safety directorate.
075 / 25 - 42 - 25