Врз основа на Известувањето добиено од страна на Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, Центар за референтни лаборатории, Лабораторија за радијациона заштита, Дирекцијата за радијациона сигурност ја известува јавноста во Република Северна Македонија дека автоматскиот ситем за рано откривање и детектирање на гама зрачењето и радиоактивност во воздухот во Република Северна Македонија работи во нормалниот оперативен мод и континуирано ги следи состојбите и отчитувањата од мониторинг станиците во нашата земја. Имено во моментов се отчитуваат вредностите на брзина на амбиентален дозен еквивалентво микро сиверти на час H*(10) (µSv/h) како и другите мерни податоци од 8 (осум) локации и тоа Скопје, Велес, Гевгелија, Струмица, Берово, Дебар, Крушево и Битола. Според законската регулатива, овој автоматски систем на мониториг станици е усогласен со работата на Еврпската комисија и е поврзан со Еврпската база на податоци каде што овие вредности од мерењата се прикажуваат преку континурани временски циклуси ( вообичаено на секој 2 часа) по средноеропско време .Од направената анализа и проверка на мерењата за овој временски интервал се констатира дека сите вредности на надворешното гама зрачење ва Р.Северна Македонија направени преку мерниот систем MEVIS 2.1 се во реално време и се движат во интервал кој одговора со промените на природниот фон на зрачење за овие мерни области, односно дека не се забележени дози кој укажуаат на зголемена радиоактивност во воздухот.Ситуацијата и случувањата и понатака внимателно ќе се следат како како и препраките од МААЕ со што би требало навремено да се кординираат активностите помеѓу ресорните институции согалсно протоколите и законските дејствија пропишани при вакви настани.
Duty Phone
Phone number of Radiation Safety directorate for emergency events and for reporting clinics operating without a license issued by Radiation Safety directorate.
075 / 25 - 42 - 25