- Details
- Category: Archive
(29 Декември 2009 ) Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност 075 / 25 - 42 - 25 |
(29 Декември 2009 )Директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност д-р Румен Стаменов и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу потпишаа Меморандум за соработка со кој се утврдува рамката во која се остварува соработката меѓу потписниците, а во функција на радијациона заштита и сигурност и спасување на луѓето, животната средина, материјалните добра, прирoдните богатства, животинскиот и растителниот свет и културното наследство од радијациони вонредни настан во мир, вонредна состојба и воена состојба во Република Македонија. |
(05 Ноември 2009) Материјалите потребни за подготовка на посебниот дел од стручниот испит за огласот за вработување на државни службеници, бр. 144/2009 кој ќе се спроведе во вторник, 17 ноември 2009 година во 09:30 часот во просториите на Агенцијата за државни службеници се: - Закон за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност(Сл. весник на Р.Македонија бр.48/02, ) - Закон за изменување и дополнување на законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност (Сл.весник на Р.Македонија бр.135/07). |
(04. Ноември 2009) На дојава на царинските службеници за вратен камион со радиоактивен материјал на територијата на Република Македонија од територијата на Косово на 02.11.2009 година околу 16 часот, Дирекцијата за радијациона сигурност излезе на терен при што го утврди следново: Според извештај од косовската страна, после влезот на територијата на Косово, на повик на Косовските царински службеници, на 2 ноември 2009 година, во 10:10 часот, екипа извршила мерење и утврдила присуство на радиактивен материјал во пратката, по што на камионот е отпечатена поставената пломба, товарот растоварен, пронајден изворот на зрачење и истиот е преместен од предната на задната страна на приколката. После тоа, приколката е запечатена со пломба на УНМИК (број 0527919) и вратен назад во земјата на потекло - Република Турција. Во временскиот рок помеѓу 1 и 2 ноември 2009 година, шоферот на камионот преноќувал на терминал на Косовска територија. При стигнување на вратениот камион на граничниот премин Блаце на 02 ноември 2009 година околу 16 часот Дирекцијата за радијациона сигурност излезе на терен, при што утврди зголемено ниво на јонизирачко зрачење во камионот. Бидејки во камионот постои извор на јонизирачко зрачење кој не е деклариран во пратката и за кој Дирекцијата за радијациона сигурност не издала дозвола за транзит низ Република Македонија, инспекторот за радијациона сигурност забранува влез на територијата на Република Македонија. Притоа, во записникот изготвен од инспекторот за радијациона сигурност е наведено дека доколку треба камионот да изврши транзит низ Република Македонија, неопходно е да добијат дозвола од Дирекцијата за транзит на радиоактивен материјал и притоа однапред да прибават дозвола (пишан документ) од регулаторните тела на Грција односно Турција дека ќе дозволат транзит односно влез на камионот на нивната територија. Со тоа обезбедуваме, радиоактивниот материјал кој се наоѓа во камионот, а чие потекло е сомнително поради отворање на камионот на Косовската територија, да не остане на територијата на Република Македонија. Истиот ден, во насока на што побрзо решавање на настанатата ситуација, Дирекцијата за радијациона сигурност стапи во контакт со регулаторните тела за атомска енергија на Република Грција и Република Турција и ги извести за вракањето на камионот од територијата на Косово во земјата на потекло - Република Турција. Како резултат на одлична соработка со овие две институции, Дирекцијата за радијациона сигурност прибави дозвола од регулаторното тело за атомска енергија на Република Грција со која се дозволува транзит на камионот низ грчката територија, како и писмен документ издаден од Турското регулаторно тело за атомска енергија дека се известени за вракањето на камионот и за негово прифаќање. Со тоа, Дирекцијата за радијациона сигурност издаде Потврда (број 09-1450/2 од 04.11.2009) со кој се одобрува транзит на камионот со регистарски таблицки 34РФК75/34АД9198 низ територијата на Република Македонија. Транзитот се изврши на 4 ноември 2009 година и камионот за време на транзитот е придружуван од страна на инспектор за радијациона сигурност. |
(27-30 Октомври 2009) Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност зема учество на „Меѓународна конференција за можностите и предизвиците на реактори со водено ладење во 21 век“, која се одржа во Виена, Австрија. |
(19 Октомври 2009) При рутинска контрола, на површината на вагон со број 3172-5952013-6, товарен со старо отпадно железо, беше детектирано зголемено ниво на јонизирачко зрачење за што беше известена Дирекцијата за радијациона сигурност. Инспектор за радијациона сигурност при Дирекцијата за радијациона сигурност излезе на терен. Вагонот бил товарен во Сокобање, Србија и наменет за извоз за Република Македонија. Инспекторот за радијациона сигурност забрани влез на вагонот на територијата на Република Македонија и истиот го врати во земјата на потекло, Србија. |
(13-15 Октомври 2009) Двајца преставници од Дирекцијата за радијациона сигурност земаа учество на завршниот состанок на регулаторите од Западен балкан за проектот „ Проценка на регулаторна инфраструктура во полето на нуклеарната сигурност и радијациона заштита во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Косово(дефинирано со UNSCR 1244), Црна Гора и Србија“, кој се одржа во Љубљана, Словенија. |
(12-23 Октомври 2009) во Националната лабораторија во Аргон, Илиноис, САД се одржа „Меѓународен семинар за нуклеарна безбедност, за менаџери и носители на одлуки“, на кој зема учество и преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност. |
(30 Септември-3 Октомври 2009) на Копаоник, Србија се одржа XXV Симпозиум на друштвото за заштита од зрачење на Србија и Црна Гора. На симпозиумот учествуваше и претставник од Дирекцијата за радијациона сигурност со трудот: “Single Window for Issuing Licenses for Export and Import of Ionizing Radiation Sources and Transit of Radioactive Sources”, Trifce SANDEV, Rumen STAMENOV, Angelina MISEVSKA, Biljana GEORGIEVSKA-DIMITRIEVSKI and Goran ANGELOVSKI. Трудот е испечатен во Зборникот на трудови, кои што беа прифатени од организациониот одбор на симпозиумот. |
(28 Септември 2009) При рутинска контрола, на површината на камион со регистарски таблички ST 415 TI, KU 297 CO, товарен со старо отпадно железо, беше детектирано зголемено ниво на јонизирачко зрачење за што беше известена Дирекцијата за радијациона сигурност. Инспектор за радијациона сигурност при Дирекцијата за радијациона сигурност излезе на терен. Камионот бил товарен во Приштина, Косово и наменет за извоз за Солун, Грција, при што Република Македонија беше земја за транзит. Инспекторот за радијациона сигурност забрани влез на камионот на територијата на Република Македонија и истиот го врати во земјата на потекло, Косово. |
(17 Септември 2009) Преставник на Дирекцијата за радијациона сигурност зема учество на Состанокот на регулаторите на полето на нуклеарната сигурност и безбедност, како и сигурност и безбедност на изворите на јонизирачко зрачење и радиоактиивен отпад, сигурност и безбедност при транспорт, кој се одржа во Виена, Австрија. |
(15 Септември 2009 година) Република Македонија ја ратификува Заедничката Конвенција за сигурност при управување со искористено нуклеарно гориво и сигурност при управување со радиоактивен отпад и истата е објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 113/09. |
СООПШТЕНИE Дирекцијата за радијациона сигурност ги демантира сите гласини дека складот за истрошени извори на јонизирачко зрачење кој треба да се изгради е штетен по здравјето на луѓето. Било каде да живеат апсолутно се сигурни и безбедни. Точна локација за израдба на складот сеуште не е утврдена од причини што експертската мисија од Меѓународната агенција за атомска енергија треба да даде оценка дали локалитетите ги исполнуваат меѓународните стандарди и норми. Ги информираме сите граѓани дека нема да се гради никаква депонија, туку склад од околу 50м2 за потребите на граѓаните во Р.Македонија во наредните 100 и повеќе години. Со измените и дополнувањата на законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност од 08.11.2007 год., број 135/07 во член 22-а се забранува увоз на радиоактивен и/или нуклеарен отпад на територијата на Република Македонија. Складот за потрошени извори доколку се изгради е добро за секој граѓанин.Тоа е мерка со која се штити здравјето на сите граѓани, нашите деца и идните наши поколенија. Секое лице што е против иградба на овој склад презема одговорност за своето здравје, здравјето на неговите најблиски и здравјето на сите граѓани во Република Македонија. |
(23 Август 2009) Камион товарен со старо отпадно железо наменето за транзит од Косово за Грција беше вратен на територијата на Косово. Имено, на површината на камионот беше детектирано јонизирачко зрачење повисоко од природниот фон. Инспектор за радијациона сигурност при Дирекцијата за радијациона сигурност излезе на терен и нареди враќање на камионот во земјата на потекло - Косово. |
(17-21 Август 2009) Во рамки на ИПА Централизираната програма од II-от дел од Хоризонталната програма за нуклеарна сигурност и радијациона заштита во тек е проект со наслов „Проценка на потребите и предложените активности за зајакнување на капацитетите за спречување на нелегалната трговија на нуклеарен и друг радиоактивен материјал во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Косово (дефинирано со UNSCR 1244), Црна Гора и Србија“ во кој Дирекцијата за радијациона сигурност е контакт институција. |
(10-13 Август 2009) Во Република Македонија од страна на Меѓународната Агенција за Атомска Енергија (МААЕ), беше одржана мисија „Проценка на моменталната состојба на регулаторната инфраструктура во областа на сигурноста и безбедноста на затворени извори, во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Србија вклучувајки го и Косово (дефинирано со (UNSCR 1244)). Целта на овој проект беше безбедност и сигурност на затворени радиоактивни извори во склад во согласност со Директивата 2003/122 ЕУРОАТОМ, и анализа и безбедност од аспект на управување и регулаторна контрола на затворени радиоактивни извори. |
(13-17 Јули 2009) во седиштето на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во Виена, Австрија се одржа Регионална работилница за Самопроценка на националната регулаторна инфраструктура и за Системот за управување со информациите за радијациона сигурност (RASIMS системот) во рамките на проектот RER/9/096 (TSA-1), (Phase II): „Зајакнување на националната инфраструктура за контрола на радијациони извори“ (Strengthening National Infrastructure for the control of Radiation Sources) на Меѓународната агенција за атомска енергија. |
(07-10 Јули 2009) Преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност, земa учество на 5-тиот Состанок на националните компетентни тела за инциденти во земјата и надвор од неа, кој се одржa во Виена, Австрија во организација на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). |
(29-30 Јуни 2009) во Подгорица, Црна Гора, се одржа состанок во рамките на проект од ЕК под наслов „Управување со медицински радиоактивен отпад во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово (UNSCR 1244), Црна Гора и Србија“. |
(22-26 Јуни 2009)Експертска мисија за преглед на подготвеноста за и одговорот на радијациони вонредни настани во рамки на проектот RER/9100 „Воспоставување на националните капацитети за подготвеност за и одговор на радијациони вонреднио настани. |
(22-24 Јуни 2009) Во рамки на ИПА Хоризонталната програма за нуклеарна сигурност и радијациона заштита е во тек проект со наслов „Проценка на потребите и предложените активности со цел вршење на мониторингот на радиоактивноста во животната средина во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Косово (дефинирано со UNSCR 1244), Црна Гора и Србија“ во кој Дирекцијата за радијациона сигурност е контакт институција. |
(17-19 Јуни 2009) Извршена е посета на индустрии релевантни за NORM - радиоактивни материјали од природно потекло и TENORM - технолошки збогатени радиоактивни материјали од природно потекло, во рамки на проектот на Европската комисија:“Помош на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Македонија, Косово (дефинирано со UNSCR 1244), Црна Гора и Србија за зајакнување на капацитетите за развој на подзаконски акти во врска со радиоактивни материјали од природно потекло (NORM) и технолошки збогатени радиоактивни материјали од природно потекло (TENORM)“. |
(02 Јуни 2009) Дирекцијата за радијациона сигурност во соработка со Царинската управа на Република Македонија направија рутинска контрола на гранична испостава Блаце на камион кој бил товарен со брусни плочи наменети за сечење метал. По извршениот инспекциски увид констатирано е дека измерените вредности на брзина на доза се во границите на природниот фон. |
(11-13 Мај 2009)Во рамки на ИПА Хоризонталната програма за нуклеарна сигурност и радијациона заштита на Европската комисија се одржа состанок за проектот со наслов „Проценка на регулаторна инфраструктура во полето на нуклеарната сигурност и радијациона заштита во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Косово(дефинирано со UNSCR 1244), Црна Гора и Србија“, во кој Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше како контакт институција. Целта на проектот е проценка на регулаторната инфраструктура во полето на нуклеарната сигурност и радијациона заштита во поглед на транспонирање на правото на ЕУ во националното законодавство. |
(23 Април 2009) Почитувани, На линкот даден подолу можете да ги најдете нацрт правилниците кои ги изработи Дирекцијата за радијациона сигурност во согласност со Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност (Службен весник на РМ, бр. 48/02 и 135/07), а се во врска со заштитата од јонизирачко зрачење и радијационата сигурност. Цениме доколку издвоите време за нивно разгледување и имате забелешки и коментари, сугестии и предлози истите може да ги доставите до Дирекцијата за радијациона сигурност најдоцна до 15. мај 2009 година. Ви благодариме однапред, Со почит, Дирекција за радијациона сигурност |
(16-17 Април2009) во Скопје, одржан e состанок помеѓу заменик претседателот на Нуклеарната регулаторна агенцијата на Република Бугарија, директорот на радијациона заштита на Нуклеарната регулаторна агенција на Бугарија и тим на Дирекцијата за радијациона сигурност предводен од директорот на Дирекцијата |
(15 Април 2009) во Скопје беше одржан координативен состанок на преставници од Националните инстуитуции вклучени во CBSC проектот. Главен носител на проектот е Министерството за одбрана на РМ. Целите на состанокот, а воедно и на проектот се: усогласување на заедничката проценка на СЕДМ земјите за идни терористички закани, зголемување на свеста на Министерството за одбрана и другите институции за криумчарење на оружје за масовно уништување и потенцијалните закани на граничната безбедност, како и воспоставување на врски за комуникација помеѓу земјите на СЕДМ за борба против тероризам и криумчарење на ОМУ. На состанокот учествуваше и Дирекцијата за радијациона сигурност со свои претставници. |
(06-10 Април 2009) во Скопје, Во рамките на TAIEX инструментот на Генералниот директорат за проширување на ЕУ, во соработка со Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Македонија и Нуклеарната Регулаторна Агенција на Република Бугарија, одржана е експертска мисија во која учествуваше експерт од Нуклеарната Регулаторна Агенција на Република Бугарија. |
(03 Април 2009) Aмбасадата на САД Скопје, преку Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS), донираше информатичка опрема на Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Македонија.Како што истакна Директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност Д-р Румен Стаменов, Владата на Соединетите Американски Држави и понатаму останува најголемиот донатор на Дирекцијата, а воедно и голем пријател на македонскиот народ.Дирекцијатазарадијационасигурност изрази голема благодарност до Американската амбасада, за оваа и претходните донации што ги додели Владата на САД, бидејќи се од огромна важност за непречено функционирање на ДРС. |
(03 Јули 2008) Вработените во Дирекцијата за радијациона сигурност упатуваат голема благодарност до г-нот Dale F. Wisley за големото разбирање и несебична поддршка за голем дел на проектите на Дирекцијата во врска со програмата за контрола на извозот и граничната безбедност при амбасадата на САД во Скопје, Република Македонија за периодот од 2006-2008 год. Истовремено на г-нот Matthew T Jones му посакуваат срдечно добредојде и се надеваат дека досегашната успешна соработка ќе продолжи. |
(03 Јули 2008) Блаце, по пријава на Царинската управа за зголемена доза на радиоактивност над дозволените граници во камион товарен со старо отпадно железо на граничниот премин Блаце, инспектори од Дирекцијата за радијациона сигурност излегоа на терен.Од извршените мерења , кај камионот со приколка со регистарски таблички SK881-LB/ SK624-JA, товарен со старо отпадно железо во Косово, а наменето за Републиика Грција, константирана е зголемена доза на радиоактивно зрачење над дозволените граници. Поради зголемено ниво на радијација забранет е транзит преку територијата на Република Македонија.Возилото е вратено во Косово. |
(30 Јуни 2008) По најава на Царинската испостава Блаце за зголемена доза на радиоактивност над дозволените граници во камион товарен со старо отпадно железо, инспектори од Дирекцијата за радијациона сигурност излегоа на терен.Од извршените мерења , кај камионот со регистарски таблички 527KS102 и приколка 523KS356, товарен со старо отпадно железо во Косово, константирана е доза на радиоактивно зрачење над дозволените граници.Со мерни инструменти Target-IdentiFinder и Thermo ESM40G-L10 на површината на предниот дел на камионот на 3 метри од кабината од страна на возачкото место измерена е брзина на доза од 470 µSv/h. На површината на другата страна на камионот во правец на изворот измерена е брзина на доза од 0,38 µSv/h. На задниот дел на камионот измерена е брзина на доза од 0.02 µSv/h.Поради тоа што не постои дозвола за транзит на радиоактивни материјали низ Република Македонија издадена во Дирекцијата за радијациона сигурност, забранет е транзит на камионот низ Република Македонија, кон Република Албанија.Согласно законската регулатива камионот со придружба е вратен на територијата на Косово и е предаден на надлежните органи.Веднаш се известени сите релевантни меѓународни институции и надлежните органи од соседните земји во регионот. |
(16 Јуни 2008) по дојава од Царинската управа, Дирекцијата за радијациона сигурност доби известување дека на граничниот премин Блаце, на влез во Република Македонија евидентиран е камион со старо отпадно железо и присуство на доза на радиоактивност над дозволените граници. Инспектори од Дирекцијата за радијациона сигурност излегоа на лице место и констатираа дека кај камион со регистарски таблички 496-КS-738 и приколка 304-КS-040, постои зголемена доза на радиоактивност.Камионот со старо отпадно железо е товарен во Косово, а крајна дестинација била Република Албанија. Поради присуство на доза на радиоактивност над нормалната камионот е вратен во Косово. |
(08 Јуни 2008) на граничниот премин Блаце по пријава на лице вработено во ЕКОТЕК за зголемено ниво на радиоактивност на камион со регистарски таблички SK 147 LH, а со број на приколка SK 961 OD товарен со стар отпаден метал, инспектори од Дирекцијата за радијациона сигурност излегоа на терен. По извршениот инспекциски увид се констатира шест пати зголемена брзина на доза во однос на природниот фон. Заради постоење основано сомнение за присуство на извор на јонизирачко зрачење, инспекторите од Дирекцијата за радијациона сигурност забранија транзит на камионот низ државата и наредија негово враќање во земјата на товарење Косово.Крајна дестинација на товарот со старо отпадно железо била Република Грција. |
(06 Јуни 2008)на граничниот премин Блаце по дојава од Царинската управа за зголемено ниво на радиоактивност на камион со регистарски таблички 449KS063, а со број на приколка 465KS389 товарен со стар отпаден метал, инспектори од Дирекцијата за радијациона сигурност излегоа на терен. По извршениот инспекциски увид се констатира дека нивото на радиоактивност е над дозволеното, по што на камионот му е забранет транзит низ територијата на Република Македонија и истиот е вратен во земјата извозник - Косово. Крајна дестинација на товарот била Република Албанија. |
(23 Мај 2008)По пријава на Царинската управа на Република Македонија дека на ден 23.05.2008 год, од Република Грција во Република Македонија е вратен камион со старо отпадно железо во кој е констатирана зголемена радиоактивност над дозволената, инспектори на Дирекцијата за радијациона сигурност излегоа на терен. Утврдено е дека камионот бил товарен во Косово, а старото отпадно железо е наменето за топилницата "Sinedor" од Солун, Грција. Возилото требало да транзитира низ територијата на Република Македонија, но по влезот во Грција, е вратено на граничниот премин Богородица, од каде пак со придружба е вратено во Косово.Од увидот е утврдено дека се работи за радиоактивен громобран со радиоактивен извор Eu152. |
(29 Април 2008) Дирекцијата за радијациона сигурност доби известување од Институтот за заварување ЈУГ АД Скопје, дека ќе вршат превземање на радиоактивен извор(громобран) од АД " Брако" - Велес, и негова демонтажа.По пристигнување на лоцираното место, стручна екипа од институтот за заварување ЈУГ, го обележа просторот на контролираната зона, со специјални безбедносни знаци за опасност од радиоактивност.Екипата беше опремена со лични дозиметри, оловна кецела, ракавици и комплетен прибор за демонтирање на громобранот.По демонтирање на громобранот, истиот е сместен во транспортен контејнер, завиткан во оловна кецела, и безбедно складиран во привремено складиште. |
(26 Март 2008), на известување на лице вработено во одделението за радиодозиметрија при Републичкиот завод за здравствена заштита - Скопје за зголемена доза на радиоактивност во вагон товарен со старо отпадно железо, инспектори на Дирекцијата за радијациона сигурност излегоа на терен и во вагонот бр.5950328 на железничката станица Велес, констатираа зголемена еквивалентна доза на радиоактивност над дозволената.Повикан е технички сервис Институт за заварување Југ - Скопје, кој безбедносно изврши превземање и привремено скалдирање на радиоактивниот извор. |
(28 Февруари 2008),Гевгелија, на пријава на лице вработено во ЕКОТЕК за регистрирано присуство на зголемена доза на зрачење во камион товарен со старо отпадно железо во Гевгелија, инспектори на Дирекцијата за радијациона сигурност излегоа на терен. При мерење констатираа зголемена еквивалентна доза на радиоактивност над дозволената.Камионот беше дислоциран од терминалот и во близина на Гевгелија во еден отпад за старо железо беше извршен истовар на дел од камионот со старо железо.Идентификуван е дел од мерен инструмент кој покажуваше доза на зрачење над нормалната граница и безбедно складиран во привремено складиште. |
(26 Февруари 2008) АмбасадатанаСАДвоРепубликаМакедонија, прекуПрограматазаконтроланаизвозиграничнабезбедност, донирашевозилоЛадаНиванаДирекцијатазарадијационасигурностнаРепубликаМакедонија. |
Duty Phone
Phone number of Radiation Safety directorate for emergency events and for reporting clinics operating without a license issued by Radiation Safety directorate.
075 / 25 - 42 - 25