На 23 јуни 2026 година, во просториите на Дирекцијата за радијациона сигурност се одржа работен состанок со доц. д-р Душко Лукарски, раководител на Одделението за радијациона физика и заштита од јонизирачко зрачење, посветен на унапредувањето на регулаторната рамка во областа на радиотерапијата и заштитата од јонизирачко зрачење.
На состанокот беа разгледани можностите за зајакнување на институционалната соработка, организирање заеднички обуки и едукативни активности, како и унапредување на протоколите и стандардите за безбедно користење на изворите на јонизирачко зрачење.
Посебен акцент беше ставен на потребата од ажурирање и усогласување на законската и подзаконската рамка со современите европски и меѓународни стандарди, со цел поддршка на технолошкиот развој, новите методи на лекување и напредните практики во радиотерапијата и радијационата медицина.
Воедно, беше нагласена важноста од континуирано стручно усовршување, развој на човечките ресурси и јакнење на стручните капацитети за обезбедување висок степен на радијациона сигурност и квалитет на услугите.
Состанокот претставува значаен чекор кон понатамошно зајакнување на соработката помеѓу регулаторните институции и стручната јавност, со заедничка цел – унапредување на радијационата сигурност, заштитата на пациентите и здравствените работници и развој на современа и безбедна радиотерапија во Република Македонија.
