Новости

Одржан технички состанок во рамките на проектот за подобрување на управувањето со радиоактивниот отпад во Западен Балкан

На 20 октомври 2026 година, Дирекцијата за радијациона сигурност (ДРС) одржа технички состанок во рамките на проектот „Improved Radioactive Waste Management in the Western Balkans“, финансиран од Европската Унија, со вкупна вредност од речиси 5 милиони евра.

На состанокот учествуваа претставници на Дирекцијата за радијациона сигурност, Институтот за јавно здравје, Царинската управа на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи – Гранична полиција, како и советник на претседателот на Владата на Република Македонија.

Проектот има значајна улога во унапредувањето на радијационата сигурност и нуклеарната безбедност во Република Македонија, преку зајакнување на институционалните капацитети, подобрување на меѓуинституционалната соработка и усогласување на националната законска и регулаторна рамка со правото на Европската Унија (EU acquis) и релевантните директиви на EURATOM.

Активностите во рамките на проектот опфаќаат унапредување на системот за безбедно управување со радиоактивните извори и радиоактивниот отпад, вклучително и материјалите што содржат природно присутни радиоактивни материјали (NORM), зајакнување на контролата на прекуграничниот транспорт на радиоактивни извори, како и подобрување на подготвеноста и одговорот при радиолошки и нуклеарни вонредни настани.

Проектот опфаќа шест земји од Западен Балкан и претставува можност за унапредување на регионалната соработка и размена на искуства, со цел воспоставување повисоки стандарди за радијациона сигурност и нуклеарна безбедност.

Преку учеството во проектот, Дирекцијата за радијациона сигурност продолжува да придонесува кон зајакнување на националниот систем за радијациона сигурност, унапредување на соработката со надлежните институции и исполнување на обврските поврзани со усогласувањето со европските стандарди.

Дирекција за радијациона сигурност

Дирекцијата за радијациона сигурност е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице и врши управни и стручни работи од областа на заштита од радијација.

Контакт

Бул."Партизански одреди'' бр.143, П.Фах.22,
Скопјe,
1020
Република Северна Македонија

е-пошта: drs@drs.gov.mk
телефон: 02/3099-030
факс: 02/3099-032

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:

075/254 225